ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата

   Време за читање 1 минута

Пратениците во Собранието денеска на пладне треба да ја продолжат расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.

Вчера на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон рече дека тој е подготвен во дијалог со работодавците и работниците, и е донесено решение кои го поддржуваат сите – минималната плата да биде 18.000 денари.

– Законот ја утврдува минималната плата, која за месец март, заклучно со исплатите за март, треба да биде во висина од 18.000 денари. Државата мисли и на работодавците. Во самиот Предлог закон е предвидено државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари. Предвидено е работодавците да се поддржат во периодот од март до декември 2022 година, информира Тренчевска, кој потенцира дека минималната плата е зголемена двојно во однос на онаа од 2016 година, која изнесуваше 10.080 денари.

Повеќе на Сител