Работа (од) дома- Како ја организираат работодавачите и дали е соодветно решение и за на подолг рок?
Работа (од) дома- Како ја организираат работодавачите и дали е соодветно решение и за на подолг рок
Работата од дома се наметна како резултат на мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус. На почетокот очекувањата беа дека ќе потрае само три месеци, но до денес поминаа веќе 14 месеци и сеѝ уште не сме сигурни дека наскоро ќе заврши потребата. Работодавачите кои проценија дека работата може да се извршува од далечина им овозможија на работниците да работат од дома. Но тука се наметнаа прашања за чии одговори имаше многу дебати и негодувања.
При организирање на работата работодавачите можеа да ја искористат опремата која работникот лично ја поседува, односно приватен компјутер, сопствен интернет приклучок. Меѓутоа, ова беше прифатливо само за привремена работа од дома, во услови на пандемија. Доколку работодавачот сака да продолжи со работа од далечина од страна на работниците, тој треба да им обезбеди опрема која им е потребна за извршување на работните задачи, односно компјутер, маус, слушалки, камера, лаптоп, итн. Покрај техничкиот дел, работодавачите и работниците потребно е да го почитуваат работното време, како и да внимаваат на доверливоста на податоците со кои работат/располагаат, односно чување деловна тајна, потоа да бидат јасно разграничени работните обврски, да се овозможи непречена комуникација помеѓу колегите, но и да се разгледаат можните ризици, како од аспект на бебедност и дравје при работа, така и од аспект на потенцијално семејно насилство и слично.

