Светот на работникот

Работи само 2 часа дневно и заработува 7,500 евра – Има само 24 години

CNBC го пренел сведоштвото на 24 – годишната девојка која во ек на пандемијата, како и милиони Америкнаци, останала без работа. Таа работела како келнерка, но добила отказ. Тој настан, ќе испадне, дека е значаен пресврт во нејзиниот живот.

Како направила пресврт?

Шенон Смит тогаш започнала да работи како онлајн фитнес тренер, а водењето на работата барало 10 – часовен работен ден, каде заработувала, „само 1,000 до 2,000 долари месечно“.

Така во јули 2021 година, одлучив да направам пресврт. Имав претприемачко искуство и започнав да ги користам своите профили на Тикток и Инстаграм за пласирање на алатки за градење на богатство и онлајн програми. До октомври, бизнисот веќе тргна со полна пареа и на Тикток имав повеќе од 40,000 следачи. Од тогаш заработувам околу 8,000 долари (околу 7,466 евра) месечно пасивен приход, преку провизијата на моите придружни постови, вклучувајќи ги и оние кои се неколку месеци стари и периодничните претплати на моите едукативни програми, рекла Смит.

На почетокот е тешко, но на долг рок се исплати

Таа понатаму навела дека и годи тоа што работи само два часа дневно, во главно објавувајќи постови на социјалните мрежи.

Кога луѓето ме прашуваат како можат да создадат пасивна работа која создава приход, јас им велам дека на почетокот не е лесно, но дека на долг рок се исплаќа.

Таа за CNBC споделиле и неколку корисни совети за сите кои сакаат да испробаат сличен предизвик.

@hustlewithshan Did you know you don’t have to work a job that makes you dread going to work everyday? #quityour9to5 #sidehustlesthatwork #buildanonlinebusiness #affiliatemarketingforbeginners ♬ As It Was speed audio – 1D Audioz

Пред се, Шенон советува да го автоматизирате својот бизнис, а тоа значи креирање на производ кој бара ограничено одржување.

Започнав да чекорам по претприемачки пат како персонален тренер, но открив дека продажбата на тие услуги значи дека секогаш ќе го менувам своето време за пари. За да остварите пасивен приход, мораде да понудите производ кој не бара многу енергија за создавање и испорака“.

Таа го истакнала и автоматското генерирање на текот на продажбата, како процес кој клиентот го доживува пред да го купи произовдот. Клиентите прво ја наоѓаат на социјалните мрежи, а потоа поминуваат низ нејзниот тек на продажба: се пријавуваат на нејзината мејлинг листа, каде им се испраќа понуда на производите.

Вториот нејзин совет е да не се обидувате да измислувате топла вода.

„Гледам дека многу луѓе премногу се трудат да измислат нешто потполно ново, за да својот бизнис го стават да биде во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Но, откако стекнав 109,100 Тикток следачи, научив дека клучот за ширење на виралноста и растот на пуубликата е проучување на она што функционира за другите. Секако, сакате да биде оргнални, но би требало да објавувате содржина која луѓето веќе ја сметаат за интересна“, вели Шенон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Side Hustle Queen 👑 (@hustlewshan)

Фокусирајте се на решавање на проблеми. Оваа млада Американка вели дека главната цел на секој бизнис е продажба на производот или услугата.

Но на крајот на краевите, никој не го интересира што продавате, луѓето се грижат за своите цели, сопствените соништа и сопствените проблеми. Сакате индиректно да го пласирате својот производ на начин на кој нагласува како може да помогне во исполнувањето на потребите на вашата публика, т.е. како може да им помогне да ја постигнат својата цел“, појаснува Шенон.

Секако, важно е и да се поврзете со вашата публика.

Поединечните постови на Инстаграм или Тикток се одлични за пружање на вредностите и забавата на вашата публика, но е речиси невозможно таа да ве запознае преку тие објави. Важно е да имате врска со вашата публика, така што луѓето ќе ве запознаат, ќе почнат да веруваат во она што го зборувате и што го продавате, што ќе доведе до поголема продажба. Директно соработуувам со публиката така што одговарам на нивните коментари и пораки или правам лајв снимки на мрежите“, вели таа.

За на крај, Шенон советува да бидете селективни по прашањето на промоција. Што тоа значи?

Голем број на луѓе кои активно ги промовираат вашите производи; кога ги има во голем број, знаете дека вашиот производ е добар.

Ниска стапка на враќање: ако производот има висока стапка на враќање, тоа значи дека многу луѓе не се задоволни од него.

Промовирањето на производот со високи стапки на рефундирање може да ја намали довербата на публиката во вас.

Позитивните критики на Гугл доста зборуваат за производот, и многумина на тој начин се информираат, па е важно да се поведе сметка за тоа.