Оглас на 12 годишно дете за кој зборува цела Србија
Небојша (12) од Србија во својот оглас во кој нуди да им помогне на своите сограѓани извршувајќи полесни работни задачи за 300 динари (2,55 евра) привлекол големо внимание и предизвикал големи полемики на социјалните мрежи.
„Поздрав до сите добри луѓе! Се викам Небојша, имам 12 години и се сетив на кој начин можам да си помогнам себеси, но и на другите. Можам да го шетам вашето мало куче, да го средувам рачно вашиот двор или да ви ја искосам тревата со машина за косење, да ви ја вадам градината и цвеќињата во дворот, да одам во продавница наместо вас, да ги внесам вашите дрва и да ги наредам, да ја исперам вашата кола или велосипед. Цена 300 динари“, пишува во огласот објавен на улиците во Батајнци.
Овој оглас е објавен на една страна на Фејсбук каде привлекол големо внимание од корисниците на оваа мрежа, но и коментари.
Многумина неговиот гест го коментирале со пофални зборови истакнувајќи дека ваквите примери се ретки, а има и коментари кои го критикуваат ова 12 годишно, порачувајќи му дека наместо да работи за пари, да се образува.
Многумина сугерирале дека родителите треба да ги издржуваат децата до 18 годишна возраст.
„Браво момче! Ова би требало да биде нешто нормално, како насекаде низ светот. Но кај нас нешто не се применува… Јас бев тоа во 2003 година. Еве сега има ланец на ресторани во Германија…“, се наведува во некои од коментарите.
Сепак има и луѓе кои не мислат така.
„Дете, фати се за книга додека си млад… бегај од работа додека си дете…, порачуваат.
Небојша објаснил дека тој е најстаро дете во семејството и дека има помлада сестра од пет години која оди во градинка и брат од две години кој го чува мајка му, а покрај тоа има и бројни други работи низ домот, додека татко му работи градежни работи.
Момчето сакало со својот буџет да помогне на семејството додека е на распуст.
Извор: Bizlife.rs
Фото: Istock

