ЕкономијаНовости

Радован Витошевиќ меѓу 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери до 40 години во Југоисточна Европа

   Време за читање 1 минута

Оваа недела, во Истанбул беа доделени наградите на Бизнис елитата „40 под 40 години“, каде Радован Витошевиќ, главниот извршен директор на myWorld и регионален директор за Јужен Балкан (Македонија, Бугарија, Косово и Албанија) ја доби престижната интернационална награда „40 под 40 години“, како дел од 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години.

Водителот на церемонијата беше познатиот турски интерпретатор и глумец – Јусуф Емини (Yusuf Emini).

„Оваа награда претставува признание за мојата 15 годишна посветеност према работата, семејството, како и мојот придонес кон заедницата. Огромна благодарност до Business Elite’s “40 under 40” за ова признание и голема благодарност до myWorld што веруваше во мене во последните 10 години“ – изјави Радован Витошевиќ.

Радован е исто така докажан меѓународен претприемач и најпродаван македонски автор во 2020 година со бестселерот за личен развој – „Будење на свеста”.

Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.

Наградите Business Elite се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да идентификуваат извонредни поединци ширум светот кои се истакнуваат по својата посветеност и професионален успех.