ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Р.С. Европа: Што бараа, а што добија фирмите и работниците од четвртиот пакет мерки?

   Време за читање 1 минута

Најголем број од барањата на фирмите и синдикатите, власта ги послуша и ги вгради во мерките предвидени со четвртиот пакет мерки за стабилизација на економијата. Бизнис заедницата ги поздравува мерките и се надева дека тие ќе ги ублажат последиците од кризата

За Славчо Јорданов, сопственик на приватна фабрика за прехранбени производи во Неготино, олеснувањата од четвртиот пакет економски мерки, неговиот бизнис ќе ги почувствува само преку мерката што се однесува на платежните картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности. Тој вели дека уште со третиот сет мерки кога беа пуштени во употреба платежните картички (тогаш со износ од 9000 денари) се забележала поголема потрошувачка на производите на неговата фирма.

„Преку платежните картички кои ќе ги користат неколку категории граѓани, ние ќе добиеме помош на тој начин што ќе се трошат македонски производи многу повеќе, односно ќе се трошат нашите производи. Поголема потрошувачка, поголем профит. Тоа веќе го осетивме преку картичките од третиот сет мерки и тоа секако ни помогна да се зачуваат работните места кај нас и одржување на производството и прометот“, вели Јорданов.

Повеќе прочитајте на Р.С. Европа