Сачмарoска: Има директори кои земаат помали плати од вработените
60% од назначените директори се со целосна функција, а 40% се со ве-де директори, кои не го исполнуваат критериумот најчесто во делот на странски јазик. Околу 3.000 лица се членови на управни и надзорни одбори, но дел од нив не ја вршат основната функција, се вели во истражување на Центарот за управување со промени.
Според извршната директорка Неда Малеска Сачмароска постои разноликост во однос на начинот на плаќање – едни се на паушал, други добиваат надоместоци по седница. Во одредени сектори во областа на културата има директори кои имаат помали плати од вработените, тука е проблем со колективните договори и тоа носи едно општо незадоволство. Исплатени се околу два милиони евра за вакви надоместоци и и овие луѓе се држат под радарот на јавноста.
Извор: Телма

