„Економските политики на СДСМ обезбедуваат повеќе средства за сите граѓани, носат постојан раст на платите. Просечната плата во октоврми годинава според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 38.843 денари“, соопштија од партијата.
„Таа е за 17,3 отсто, односно за 5.739 денари повисока во однос на октомври 2022 година.
Од почетокот на мандатот во 2017 година просечната плата е покачена за 15.487 денари, од 23.536 на 38.843 денари.
Од партијата рекоа дека продолжуваат, со одговорен и ефикасен пристап, да создаваат услови за раст на платите и унапредување на животниот стандард на граѓаните.