СветСветот на работникот

Секој четврти доселеник не сака да остане во Германија

Зошто мигрантите ја напуштаат Германија? Нова студија покажува дека другите земји се попривлечни за економски успешните странци. Дискриминацијата исто така игра голема улога.

Германската економија слабее, а сепак, квалификувани работници се очајно потребни во многу сектори: во медицинските професии, особено медицински сестри, во ИТ-браншата, градежништвото и занаетчиството. Исто така, има недостиг од воспитувачи во градинки, готвачи и професионални возачи на камиони и автобуси. На крајот на 2024 година, во германските компании имало околу 1,4 милиони непополнети работни места.

Во исто време, во Германија работат сè повеќе мигранти. Во 2024 година, процентот на работници од странство бил нешто над 16 проценти. Тој е повеќе од двојно зголемен од 2010 година досега. Вработеноста во медицинските професии е натпропорционално висока. Повеќе од еден од шест лекари има странско државјанство. Во делот на медицинските сестри, растот на вработеноста од 2022 година се должи исклучиво на странскиот персонал. Во моментов, еден од пет работници во овој сектор е имигрант.

Повеќе на DW