Синдикалната кошничка во август поскапе за 725 денари
Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49.345 денари, колку што му е потребно на просечно 4-члено семесјтво, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јули за 725 денари.
„Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто“, оценува Сојузот
За жал, веќе има или е во најава поскапувањето и на други производи.
