Синдикатот на АД ЕСМ ги повикува своите членови и граѓаните да излезат на протестот
Синдикалната организација на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) ги повикува сите свои членови и слободоумни граѓани на мирен протест за почитување на Законот за пресметка на платите во АД ЕСМ и покачување на платите согласно порастот на животните трошоци и пораст на минималната плата во Македонија, велат од Синдикатот на АД ЕСМ.
Протестот ќе се одржи на 30 март, започнувајќи од Собранието на РМ.
Со порастот на животните трошоци и порастот на минималната плата, неминовно е и покачување на платите на работниците во АД ЕСМ кои во изминатите 30 години се стожерот на економијата во Македонија, гарант за стабилност во електро – енергетскиот систем, гарант за исплата на сите државни кредити и инвестиции направени од државата во сите сектори и области, за да сега се наоѓаме во ситуација каде се доведени во прашање нашата егзистенција и нашите плати, велат од синдикатот.
Истакнаа дека во изминатиот период се соочиле со најразлични предизвици во нашата работа на кои максимално одговориле во ситуација на кризи, пандемија, временски неприлики.
Се осврнуваат и на општествената одговорност на компанијата каде се одделени средства за субвенционирање на граѓани за клима уреди и други донации кои се одделуваат од АД ЕСМ.
Поради наведеното, едниствено што бараат е почитување на законите, особено за:
- Основица за пресметка на плата да биде минималната плата во државата, наместо да се зема сума од 11,450 денари,
- Почитување на Законот за неработена недела и исплата на работниците кои работат во недела,
- Пораст на платата согласно порастот на животните трошоци,
- Почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и обезбедување на лична заштитна опрема (ХТЗ) за работниците, кои ја немаат земено повеќе од три години.

