Синдикат на затворите изрази поддршка на своите колеги синдикалци од Синдикатот на полиција во Македонија
Синдикалната организација Синдикат на затворите изрази поддршка на своите колеги и синдикалци од Синдикатот на полиција во Македонија.
Синдикатот на Затворите на Македонија ќе се приклучи на протестот со свои членови и дава силна поддршка на Синдикатот на полиција на Македонија кој организира протест пред Министерството за внатрешни работи на ден 27.10.2020 година ( вторник ).
Само со взаемно подддржување можеме да постигнеме до саканата цел.
СИЛА НА НОВОТО ВРЕМЕ- Заедно сме посилни, стои во поддршката на Синдикатот на Затворите.

