Сметководителите денес напладне на протест пред Владата
За денес напладне сметководителите најавија протест пред Владата.
– Сметководителите кои во Македонија се 10.000, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата, наведува во своето денешно соопштение Група на сметководители и овластени сметководители.
Тие очекуваат дека ќе бидат примени од петставници на Владата и на институциите задолжени за измените што ги побараа.

