СОВЕТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Како да се справите со „МЕНТАЛНАТА МАГЛА“ која во голема мера може да влијае врз вашата работа
Пред да започнеме, да објасниме што е ментална магла или на англиски mental fog, brain fog. Се работи за состојба на т.н. „замагленост“ на свеста, кога доаѓа до збунетост, ошеметеност, безволност, намалување на концентрацијата и меморијата.
До некаде, симпомите на менталната магла се поклопуваат со симптомите на синдромот на согорување (burnout) кој го поврзуваме со преопотовареноста од работа.
Кај менталната магла, лицето има чувство токму како да му се спуштила магла: не може адекватно да размислува, па со самото тоа не може ниту адекватно да фунцкионира.
Ако често ја повторувате реченицата: „Не знам што ми е, нешто не сум свој/а, не ми работи мозок денеска“, многу е можно да сте „жртва“ на состојбата која се нарекува ментална магла. Таквата состојба, иако можеби не е предизвикана од работните обврски, лесно може да влијае врз работата, напредувањето во кариерата, резултатите.
За среќа, постојат барем пет проверени начини, базрани на научни истражувања кои можат да ви помогнат да ја надминете „замаглената свест“.
Исто така, важно е да се напомене дека и самиот ковид може да предизвика долгорочни когнитивни проблеми кај некои пациенти, што доведува до „замаглување на умот“ кое може да трае една недела или повеќе месеци. Ова може да се одрази и врз нашето памтење.
Што можеме да направиме да го надминеме ова?
„Greater Good Science Center“, при Универзитетот во Калифорнија, корисно го „прочешлал“ истражувањето кое неодамна понудило голем број на корисни совети за тоа како да започнете да го „чистите“ вашиот ум, за да можете повторно да размислувате за својата работа и живот.
Свртете се кон себеси
Секако дека треба да ја одржите емпатијата и да „одите во чекор“ со она што се случува во светот, т.е. да бидете упатени, но последните две години се случиле многу работи кои би можеле да влијаат на вашата благосостојба и да доведат до лоши одлуки: започнувајќи од пандемијата, преку препораките кои постојано се менуваа низ светот, па до климатските промени и војната во Украина. Тешко е да се избегне анксиозноста или размислувањето за иднината, но важно е да се трудите што повеќе да го живеете „сегашниот момент“.

Фото: Shutterstock
Движете се
По можност, во природа. Експертите сугерираат дека еден од најголемите прични за многу од нашите проблеми со памтењето е мрзеливоста. Ако сте се движеле помалку во последните неколку години, особено кога беше карантин, можно е тоа во голема мера негативно да влијаело на вашиот ум, а со самото тоа и на работните навики и продуктивноста.
Останете поврзани со другите
Тука, пред се, се мисли на блиските луѓе, семејството, пријателите, колегите. Колку и да е важно да се вртите кон себеси, исто така, изолацијата донела негативни ефекти. Истражувањата покажуваат дека одвојувањето од другите луѓе штети на нашето памтење, концентрацијата, носењето на одлуки и учењето, пренесува Inc.com. Исто така, откриено е и дека осаменоста ја зголемува чуствителноста на луѓето на когнитивниот пад, особено меѓу постарите лица.
Испробајте нови предизвици
Не правете нешто кога се чувствувате подобро, туку направите нешто за да се чувствувате подобро. На пример, петнаесетминутно вежбање секој ден може да придонесе за поголема благосостојба повеќе отколку што мислите. Натерајте се себеси да научите нешто ново, „тестирајте“ ги своите граници, едноставно – вежбајте го мозокот.
Бидете љубезни кон себе
Ако моментално патите од ментална магла, не сте сами. Значи, немојте да се обвинувате себеси, бидејќи тоа не е ниту рационално ниту продуктивно. Живееме во вонредни времиња и поради тоа е важно да се почитувате и сакате себеси.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Freepik

