МакедонијаСветот на работникот

Советот на Општина Кочани гласаше против Решението на в.д градоначалникот Крстевски за формирање паралелки со помал број ученици

Фесјбук статус на Радио Кочани:

Советот на Општина Кочани на седницата што се одржа утринава гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број на ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година.

Крстевски не присуствуваше на седницата.

Претседателот на Советот на Општината, Лазо Митев, рече дека до Обвинителството е доставен поднесок за поведување кривична постапка против в.д. градоначалникот, зошто има сомневање дека од МОН до Општината е пристигнато позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици, кое, наводно, се крие во општинската администраџија.

Одлуката на Советот беше донесена со 16 гласа против Решението на Крстевски.

Ова значи дека педесетте наставника на кои на 31 август не им беа продолжени договорите, се враќаат на работа.

Нема намалување на бројот на паралелките.