СОНК-МОН: Уште еднаш се потврдени придобивките од штрајкот
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на работна средба со Советот на СОНК. Уште еднаш се потврдени придобивките од штрајкот на СОНК, разговарано е за почетокот на учебната година, намалувањето на бројот на паралелки во училиштата, решавањето на евентуалниот вишок на вработени, тековните активности околу потпишување на колективни договори во сите сфери на образованието, ученички и студентски домови. Општа констатација е дека партнерскиот однос треба да продолжи со зголемен интензитет и сите проблеми и прашања од заеднички интерес навремено заеднички да ги решаваме.

