МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Ова е доказ дека за Владата има подобни и неподобни синдикати

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК преку фејсбук статус реагираа на денешната средба помеѓу СКРМ и Владата, наведувајќи дека за Владата сепак има подобни и неподобни синдикати.

“Владата “принципиелна ” од почетокот до самиот крај.

Денес Владата уште еднаш потврди дека за неа постојат подобни и неподобни синдикати. На денешниот состанок помеѓу претставници на Владата и СКРМ, а во врска со примената на колективниот договор за дејноста култура, За СОНК, како потписник на договорот и со докажана репрезентативност, на масата за преговори немаше место……”, пишуваат од СОНК во фејсбук статусот.

Имено, состанокот се однесува на Колективниот договор за култура, потпишан од страна на СОНК,СКРМ и Министерство за култура, чија што имплементација на одредбите за плати беше одложена со Одлука на Владата до крајот на годината.