СОНК оствари средба со Градоначалникот на Штип
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Претставници на СОНК на средба со градоначалникот на општина Штип
По барање на СОНК, во просториите на општина Штип, остваривме средба со градоначалникот на општината Иван Јорданов.
На средбата се разговараше за актуелни прашања од сверата на образованието и детската заштита. Особено беше посветено внимание на проблемот во ООУ ,, Гоце Делчев” во Штип, во однос на неговото понатамошно функционирање, како и за останатите училишта во општината, нивната работа во наредниот период, вклучително и во периодот на оптимизација што треба да започне од новата учебна година.
Претставниците на двете институции се договорија дека социјалниот дијалог ќе продолжи и понатаму и за секој проблем што ќе се појави во дејностите што ги застапува СОНК, заеднички, во духот на партнерски односи, ќе се изнајде најсоодветно прифатливо решение.

