МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Соработка помеѓу МПС и Општина Кавадарци

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА КАВАДАРЦИ И МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Денес во кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци г-д Митко Јанчев беше потпишан Mеморандум за соработка меѓу општината и Македонскиот полициски синдикат.
Документот го потпишаа градоначалникот Јанчев во име на општината и Д-р Марјан Кицев претседател во името на Македонскиот полициски синдикат.
Предмет на меморандумот е искрената намера на двете страни активно да соработуваат во насока на поддршка на активностите, како и на визиите во натамошното заедничко делување.
Една од главните негови цели е подобрување на социјалниот статус на членовите на Македонскиот полициски синдикат како вработени во институциите кои се столбови на безбедноста на државата.
Двете страни парафираа согласност и за заедничко делување и придонес на секоја од потписничките во рамките на своите надлежности и можности.
На чинот на потпишување присуствуваа и потпретателите на МПС,Зоран Кузманоски и Зоран Крстев
 

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА КАВАДАРЦИ И МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Денес во кабинетот на…

Posted by Македонски полициски синдикат on Tuesday, November 17, 2020