СПМ: Министре, барем за „1“ % да ги покачиш платите на вработените во полицијата, наместо да се фалиш со она што им следува законски
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
“ЖИВОТ ЗА СИТЕ” беше Вашата парола, слобода на изразување, темелот на владеење, начинот на кој дојдовте на власт со борба против т.н. „ЦЕНЗУРА“ го нарекувавте „надеж“ и тогаш кога некој не убедуваше дека завршил еден “мрачен период” почна цензурата на животот кој очигледно некој (Вие) го пуштил на НАЈЈАКО 
Дали тоа е поради стравот од одговорноста или реален факт од кој Вие се плашите ќе покаже иднината.
Сите сме маркирани посебно ние синдикалците оние кои во му покажуваат малку енергија на “Врховниот”. ПРЕМЕСТУВАЊА и незаконски распоредувања фрчат без престан а „досие“ водите за сите нас кој што одговорно Ви ги кажуваме сите мани
Министре Спасовски, Бараме Веднаш да престанете со прогонот и уште од утре да отпочнете со враќањето на сите вработени кои се незаконски распоредени повеќе од шест месеци бидејќи само професионалци со долгогодишни искуства на своите претходни работни места постигнуваат одлични резултати а кои доколку и понатаму бидат спречувани последиците ќе станат уште поголеми а одговорноста Ваша ќе се зголеми.
Но најверојатно и понатаму „не Ви иде паметот“ и сега си најдовте НОВА МОДА а тоа се издавање на писмени наредби од една организациска единица во друга, од еден град во друг со цел „дисциплинирање“ на оние кои не сакаат да „потклекнат“ на поставените Ваши началници по секторите за внатрешни работи. Но тоа не сопира тука, наместо наредбите ДА ТРААТ САМО ЕДЕН МЕСЕЦ, упорно продолжувате да го кршите законот за внатрешни работи и незаконски ги продолжувате писмените наредби и тие траат и траат. КРАЈ ЌЕ ИМА ЛИ ОВА ЛУДИЛО




Значи, одговорноста е во Вас. Ама битно вие “го држите” под контрола членувањето во СПМ
Веројатно срам немате, доблест воопшто или крајно анализите за 2020 се уште ги немате разгледано мислиме од што Ве лажат нема кој да ви ги отвори очите и да го крене пердето па да ви каже што во делот на криминалитетот сте направиле во изминатата година, колку кривични дела имате реализирано и разрешено, кој е процентот на реализација, за колку е зголемен бројот на кривични дела разбојништва и тешки кражби на секое подрачје односно секој СВР
Да не биде Ве напаѓаме мислиме секоја чест во време на ПАНДЕМИЈА кога времето на работа на угостителските објекти е ограничено да се фалите со успешни резултати во делот на сообраќајот и тоа е во секој случај добра вест но да заборавите или барем еднаш да имавте доблест да обзнаните каков бил криминалитетот во година на пандемија и да мислите дека никој ништо не ви може е тоа е навистина врвно “Ваше достигнување”

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА
Со почит,
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS
“ЖИВОТ ЗА СИТЕ” беше Вашата парола, слобода на изразување, темелот на владеење, начинот на кој дојдовте на власт со…
Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Monday, March 29, 2021

