Пробната работа не може да трае подолго од 4 месеци
ПРОБНА РАБОТА
Примена на член 60 од Законот за работни односи
Пробната работа претставува одреден временски период на вршење на работните задачи за кој при склучување на договорот за вработување, работникот и работодавачот можат да се договорат.
Имено во самиот договор за вработување покрај останатите права и обврски од работниот однос, ќе бидат уредени и утврдени висината на платата, како и времетрањето на пробната работа.
Пробната работа како таква не може да трае подолго од 4 месеци, а евентуланото продолжување на истата, може да се случи само доколку тоа е резултат на оправдано отсуство од работа, за болест или слично.
Во однос на пробната работа кај сезонските работници, таа може да трае три работни дена, а работодавачот може договорот за вработување со пробна работа за вршење на сезонакса работа да го откаже во рок од 3 дена од денот на склучување на таквиот договор.
За времетраењето на пробната работа, работникот може да го откаже договорот за вработување со ОТКАЗЕН РОК од 3 работни дена. Исто така врз основа на оцената за неуспешно завршена пробна работа, работодавачот има право да го откаже договорот за врботување.
ПРОБНА РАБОТА
Примена на член 60 од Законот за работни односи
Пробната работа претставува одреден временски период на…
Posted by Juridica on Monday, March 29, 2021

