СПМ: Полиција за Гинис – Како ја браниме Македонија над 15 часа за 400 денари- вовед во незадоволна Полиција
Протестите какви такви поминаа, имаше и немили настани, повредени колеги, исцрпени колеги секојдневно на работа без никаков одмор изложени на високите температури….
Секоја чест почитувани колеги на професионалноста каде и покрај сите проблеми, недостатоци, ненормално прекувремено ангажирање, исцрпност, притисоци и заплашувања за повреди на работен ред и дисциплина останавте доследни на задачата и униформата затоа што:
– без никакви средства за работа повеќето од Вас,
– со дотрајани и искинати панцири,
– без заштитни маски, без филтри за воздух на истите со поминат рок,
– 40 % од Вас без пендреци и лисици за врзување,
– со „европска“ храна и тоа 1 (2) паштети, 6 парченца леб, една вода од 0.5 и едно сокче (лименка 0.33мл) за цел ден над 12 часа,
– со униформа дотрајана, 4 колеги со шест различни парчиња униформи, без да се почитува правилникот за носење на униформа,
– моралот на колегите уништен со заплашувања со внатрешна контрола, дисциплински, суспендирања и откази, доколку некој одбие наредба бидејќи нема никакви средства или можност да ја изврши…
Вас почитувани колеги Ви честитаме за тоа што покажавте и покрај се, и покрај сите овие недостатоци покажавте како се сака и почитува оваа прекрасна професија која одамна некој се повеќе и повеќе ја погазува и уништува.
Деновиве по наши сознанија пристигнат е маил до раководителите на сите организациски единици од Одделот за Финансиски прашања со кое се известуваат сите раководители „дека во сите случаи за правилно постапување во врска со дневници кога има обезбедено исхрана“. Ова значи (пишува во известувањето) при обезбедена исхрана на службено патување (што значи обезбеден оброк) дневниците треба да се пресметуваат 20% од дневницата согласно Законот за извршување на буџет.
Просто и едноставно наместо 2.000 денари да се исплатат 400 денари!
Господине пом.на министерот Бобан Атанасовски!
ДА НЕ СТЕ НИ ПОМИСЛИЛЕ на колегите кои исполнуваат услови за исплата на цела сума за службено патување-дневница да им исплатите незаконски износ од 20%!
До сега се покажа дека не почитуваш закони по други основи, но не очекувавме како Синдикат да застанеш против Полицијата и да не почитуваш одредби од Колективен договор на МВР. Дали го имаш воопшто прочитано и некој ти има кажано што означува член 189 став 2 од КД на МВР. Каде е сместувањето на колегите? ГО НЕМА НЕЛИ?
Почитуван Бобане ако навистина го спроведеш ова незаконско право на колегите, им исплатиш незаконски 400 денари наместо чесно заработените 2.000 денари и ако обезбедиме докази за тоа (а ќе имаме) ти ветуваме КРИВИЧНА ПРИЈАВА без око да не ни трепне®️
Дали ти некогаш помошник Бобан си застанал позади барикадите со панцир, шлем и цела опрема⁉️ Не нели, затоа незнаеш како им или беше на колегите!
Еве ти совет: Ако сакаш да кратиш, провери колку дневници имаш исплатено (над 12 часа оние големите) над високи полициски функционери и провери дали сето тоа ти е основано или не. А не да им кратиш на полицијците. Срам да ти е. Ти си на потег и не подлегнувај на притисоци, почитувај ги правилата и прописите затоа што еден ден ќе одговараш и тоа сигурно!!!
А сега поништи ги сите маилови што незаконски ги имаш пратено!
Министре Спасовски, провери си го твојот двор, некој очигледно прави се за да не успее паролата „Задоволна полиција“. Еве ти пример почни со ова незаконско решение и ако навистина утврдиш незаконско работење Бараме Разрешување!
Бараме и ОВККИПС да постапи и конечно да стане институција со интегритет!!!
линк:

