МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

ВИДЕО| Од вторник започнуваат секојдневни протести на синдикатите од јавниот сектор

   Време за читање 1 минута

Од вторник секој ден ќе има протести, поради неисполнување на барањата кои неколку грански синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ги доставија до Владата, информираше Претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес – конференција.

Тој меѓу другото, рече дека Законот за административни службеници денеска е ставен на пленарна седница во Собрание и порача дека секој којшто ќе гласа за истиот е против вработените во јавниот сектор, бидејќи со него платите на вработените би се зголемиле само за 200 до 300 денари.

Ралповски повтори дека решението е едноставно – зголемување на бодот согласно членот 88 од Законот за административни службеници, од страна на Владата, потенцирајќи дека со тоа би се усогласиле платите и би се задржал распонот на платите помеѓу вработените со средно и високо образование.

Како што рече, бодот би требало да се зголеми на 103 денари бруто.

Повеќе во видеото во прилог: