МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Спасовски наместо да се пофали со покачување на платите на полицајците, се фали со права што законски им

Синдикатот на полицијата во Македонија реагира на фејсбук објавата на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради тоа, како што велат од СПМ, фалењето на Министерот со правата што законски им следуваат на полициските службеници.
 
Имено, Спасовски на ФБ објави дека денеска на 1624 вработени во Министерство за внатрешни работи
од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година.
Поединечениот износ што е исплатен изнесува 22.928 денари за вработен.
 
Во статусот меѓу другото стои дека Министерството обезбедило средства за исплата на бонус плати на вработени во МВР за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2018 година.
 
Во реакцијата на СПМ на Фејсбук стои:
 
Браво Министре “најдобар сте”. Нас како Синдикат не ни е јасно Министер да се фали дека “овозможил” право на работник а тоа право законски следува со Законот за работни односи и Колективниот договор во МВР. Требаше до сега да спроведете истрага против одговорните кои дозволиле одлевање на буџетот на МВР по основ на тужби баш по овој основ. Тоа најверојатно Ви е за пред граѓаните да се фалите. Али тоа на страна.
Еве од тука ЈАВНО зошто неколку месеци одбивате да не примите и СПМ го ставате на ранк “државен непријател” на Министерството да поставиме неколку прашања:
Кога ќе се пофалите дека ќе набавите јакни за колегите и други делови од униформа и КОНЕЧНО да ја набавите, 
Кога ќе се пофалите дека сте ги стопирале незаконските распоредувања,
Кога ќе се пофалите дека сте овозможиле покачување на платата на вработените во Министерството за внатрешни работи,
Кога ќе се пофалите дека нема повеќе да се справувате со професионалците,
Кога ќе се пофалите дека на раководните позиции ќе поставите професионалци,
Кога ќе се пофалите дека вработените во Полицијата ќе земат додаток за борба со пандемијата…

👏👏👏Браво Министре “најдобар сте”. Нас како Синдикат не ни е јасно Министер да се фали дека “овозможил” право на работник…

Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Tuesday, December 22, 2020