СветСветот на работникот

Српските газди имаат 5 нови обврски кон вработените, казните можат да достигнат до еден милион денари

До среда, 7 мај, работодавачите во Србија мора целосно да го усогласат своето работење со новите прописи од Законот за безбедност и здравје при работа, кои се однесуваат на поголема заштита на вработените, воведување превентивни мерки и поефикасна контрола на условите за работа, инофрмира Нова.рс. Новините предвидени со законот се однесуваат и на работата од дома и работата од далечина, кои досега не беа јасно регулирани, што создаде правна несигурност и за работодавачите и за вработените. Иако Законот за безбедност и здравје при работа стапи на сила во 2023 година, роковите за негово целосно спроведување истекуваат во среда, на 7 мај.

Покрај поголемата заштита на вработените, воведувањето превентивни мерки и поефикасна контрола на условите за работа, новините предвидени со законот важат и за работа од дома и работа од далечина. Досега, овие форми на работа не беа јасно регулирани, што создаде правна несигурност и за работодавачите и за работниците. Адвокатката Невена Петровиќ објаснува дека изменетите прописи ја прават ситуацијата многу појасна кога станува збор за работа од дома, и за вработените и за работодавачите.

„Работодавачите се должни да обезбедат безбедни услови за работа дури и во околности кога вработениот работи од дома, што вклучува донесување на закон за проценка на ризик, како и овозможување на вработените да учествуваат во тој процес“, истакнува таа.

Исто така, голем акцент се става на едукацијата и континуираната обука на вработените.

„Дополнително, новите прописи воведуваат обврска за вршење редовни медицински прегледи на вработените, што досега не беше строго регулирано. Прегледите мора да одговараат на специфичните ризици на работното место, а трошоците ги сноси работодавачот.