ЕкономијаМакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССКО го поздравува успехот на СОНК – „Членовите на СОНК покажаа единство“

Синдикатот на стамбено – деловните, комунални, локално – самоуправни, водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузни организации на Република Македонија го честита успешниот штрајк на братскиот синдикат СОНК.

СОНК преку штрајкот и бројните рунди на преговори со ресорните министерства успеа да се избори за зголемување на платите од 15 % коишто ќе започнат да се исплаќаат со септемвриската плата, додека од следната година ќе добијат уште дополнителни 3,4 %, со што нивното барање од 18,4 % е исполнето. Вработените, односно членовите на СОНК во дејностите детска заштита, основно и средно образование покажаа солидарност, истрајност и голема желба за да успеат да ги добијат своите права, кои ги предвидуваат самите закони и коишто и онака им следуваат. Сепак, во Македонија потребно е да се организира масовен штрајк, за да се дојде до исполнување во барањата, тоа барем го покажува праксата.

СОНК успеа да се избори и вработените во основното и средното образование кои штрајкуваа да добијат целосни плати. Се надеваме дека и Министерството за труд и социјална политика ќе го стори истото како и Министерството за образование и наука и ќе им ги исплати во целост платите, бидејќи штрајкот беше неминовен.

На членовите на СОНК им порачуваме да останат единствени и во понатамошните борби за остварување на своите права.