Тужба пред надлежен суд против дискриминација
Тужба пред надлежен суд против дискриминација
Лицето кое смета дека е дискриминирано може да поднесе тужба пред надлежен граѓански суд, ваквата постапка е итна и соодветно се применуваат одредбите од Законот за парнична постапка.
Со тужбата може да се бара:
1) да се утврди дека тужениот го повредил правото на тужителот, односно дејството што го презел или го пропуштил да го преземе претставува дискриминација;
2) да се забрани преземање дејства со кои се крши или може да се прекрши правото на тужителот;
3) да се задолжи тужениот да преземе дејства со кои се отстранува дискриминацијата или нејзините последици;
4) да се надомести материјалната и нематеријалната штета причинета со повреда на правата заштитени со овој закон и
5) да се објави во медиумите диспозитивот на пресудата со која е утврдена дискриминација во пристапен формат на трошок на тужениот.
Овие барања можат да се истакнат заедно со барањата за заштита на други права за кои се одлучува во парнична постапка, ако сите барања се во меѓусебна врска и ако ист суд е стварно и месно надлежен за нив. Дополнително важно е да се знае дека одлуката со која се налага објавување во медиумите го обврзува издавачот на медиумот во кој треба да се објави диспозитивот на пресудата, без оглед на тоа дали бил странка во постапката.
Тимот на Јуридика

