ПравдаСветот на работникот

Туристичките водичи бараат протоколи за работа и ставање на приоритена листа за вакцинација

Донесување на протоколи за работа како и ставање на приоритетната листа за вакцинирање, побараа од Асоцијацијата на туристичките водичи.

Барањата ги испратија вчера на светскиот ден на туристички водичи, 21 февруари до ресорното министерство и владата, пожалувајќи се дека ги заборавиле.

Како што наведоа во соопштението од  Асоцијацијата, туристичките водичи не биле опфатени во пакетот мерки на владата.

„Зошто и според кои критериуми туристичките водичи се иземени од петтиот пакет на економски мерки земајќи во предвид дека се наогаме во тешка состојба заради пандемијата, а бевме вклучени во предходниот пакет на мерки“, прашуваат туристичките водичи.