Дали кариерното напредување ви предизвикува задоволство?
Дали кариерното напредување ви предизвикува задоволство?
Работата речиси секогаш се смета за суштински дел од животот на луѓето. Многумина би одговориле дека таа им дава јасно чувство на цел во животот и дека е фундаментална за нивното чувство за тоа кои се всушност тие. Иако работата не значи исклучување на сè друго, таа сепак е централен дел од постоењето на многу луѓе. Стекнувањето професионални квалификации, диплома или докторат е општо ценето и од
академиците и од неакадемци. Особено значењето се зголемува во случај кога ваквите достигнувања се постигнати додека индивидуата била под некој значителен притисок,
можеби како резултат на студирање како вонреден или веќе зрел студент, или пак заради балансирањето на работа со студии. Унапредувањето е важен показател за успех за многумина. Оние за кои унапредувањето е важен фактор, го гледаат како валидација за нивната напорна работа и награда за вложениот труд. Меѓутоа дали навистина кариерното напредување ни предизвикувa задоволство? Или пак еуфоричната состојба предизвикана од чинот на напредување ја пополнува суштинската празнина која ја чуствуваме? Дали се повеќе луѓе го користат деловниот живот како начин да избегаат од својот живот?

