Национална платформа, a компјутери? Учениците ќе работат ако имаат услови, смета СОНК
Деновите минуваат многу брзо, затоа имаме многу малку време да се подготвиме за школската година. Иако беше промовирана националната платформа за настава од дистанца, повеќето училишта немаат компјутери и стабилен интернет за наставниците да можат да реализираат онлајн настава од 1 октомври.
Од Синдикатот за образование, наука и култура велат дека наставниците ќе работат само доколку имаат услови за работа, а алармираат дека и тие училишта што имаат компјутери не се прилагодени на платформата.
Освен наставниците кои ќе предаваат онлајн, СОНК апелира и до наставниците кои ќе држат настава со физичко присуство. Учениците треба да се поделат во две групи, затоа апелираат да се води сметка фондот на часови да не ја надмине границата на часовите предвидени со закон за работни односи, а во меѓувреме бараат дополнителна исплата.

