НовостиПравда

Угостителите ќе работат до 21 часот доколку епидемиолишката слика дозволи

   Време за читање помалку од минута

Министерот за здравство, Венко Филипче, на утринското гостување во МТВ најави дека се разгледува можноста угостителските објекти да го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба биде стабилна.

На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките по празниците Филипче изјави дека се следела состојбата.

„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“, изјави Филипче.