ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Фондот за пензиско се соочува со недостаток на лекари во Комисијата за оцена на работна способност

Државниот завод за ревизија во годишниот извештај констатира низа слабости во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија за 2019 година, при што констатираше:
Системот на интерни контроли во процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури со кои не се опфатени сите чекори за организација и начин на вршење на работите.
Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесите поради недостиг на вработени, а воспоставените интерни контроли не секогаш обезбедуваат потврдување на внесените податоци, точност и навременост во постапката. Поради наведеното се зголемува ризикот од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право;
Фондот се соочува со недостиг на потребните кадровски капацитети и тоа: актуари, вработени во ИТ и лекари специјалисти во Комисијата за оцена на работна способност;
Слабостите во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО. Исто така, нарушено е и се доведува во прашање остварувањето на личните и материјални долгорочни права на дел од осигурениците кои немаат механизми за докажување на платен придонес за одреден период во осигурување;
Отсуството на соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот на податоци од страна на други институции, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за ПИО, не е извршено распоредување на средствата во износ од 141.855 илјади денари кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО;
Недоволните механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии за кои се евидентираат побарувања од граѓани и нискиот процент на поврат на повеќе исплатените средства, упатува на неизвесност за наплата на истите во наредниот период;
Несоодветното евидентирање на градежните објекти и земјиште, како и на одлуките за отпис на побарувањата по основ на неплатени придонеси има за ефект нереално и необјективно прикажување на средствата во финансиските извештаи;
Недоволниот степен и интензитет на дигитализирање и електронско архивирање на документите од микрофилмските ленти во изминатиот период влијае на рационалното искористување на средствата.
Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелодени за: лошата финансиска состојба во која се наоѓа друштвото за угостителство, одмор и рекреација на пензионери Борец во Битола, чиј основач е Фондот и неосновано повлечените средства од сметката на Фондот во 2018 и 2019 година во вкупен износ од 19.056 илјади денари од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија.
Во делот на Останати прашања известено е за структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период односно нивното зголемување како резултат на измените на Законот за ПИО и намалувањето на учеството на трансферирани средства од Буџетот на РСМ, кои се прикажани во следниот графикон: 55% 37% 6% 2% 41.927.132 28.098.207 4.354.800 1.378.622 Придонеси за ПИО Акцизи Вратени придонеси со принос од втор пензиски столб Трансфери од други нивоа на власт Структура на приходи на Фондот во 000 денари.
Приходите од наплатен придонес за ПИО во 2019 година се зголемени за 10% во однос на претходната година, на што значајно влијание имаат измените на Законот за ПИО од декември 2018 година.
Согласно измените остварени се приходи во вкупен износ од 4.354.800 илјади денари по основ на вратени придонеси со принос од приватните пензиски друштва. Оствареното зголемување на приходите во 2019 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година.
Имено, расходите за социјални бенефиции (исплата на пензиските примања заедно со придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, трансферите до вториот пензиски столб и инвалиднината) во 2019 година изнесуваат 72.708.394 илјади денари за вкупно 333.7221 корисници на пензиски примања и истите се за 6,7% повисоки во однос на 2018 година.
За покривање на дефицитот на средства за исплата на пензии во 2019 година трансферирани се средства од Буџетот на РСМ во висина од 28.098.207 илјади денари, и тоа преку: 1 324.039 корисници на пензија, 9.597 корисници на паричен надоместок за телесно оштетување и 86 корисници на паричен надоместок со преостаната работна способност.
Средства за исплата на пензии за корисници на минимални земјоделски пензии, воени пензии и други корисници, како и за трансфери до вториот пензиски столб.
Средства за исплата на пензии за корисници со бенефициран работен стаж, согласно Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика во вкупен износ од 27.644.110 илјади денари од кои 15.644.110 илјади денари за покривање на дефицитот на Фондот за исплата на пензии и 12.000.000 илјади денари за покривање на законските обврски по основ на ПИО2 и Министерството за одбрана, во износ од 454.097 илјади денари.
Ревизијата во континуитет ги истакнува слабостите на воспоставениот систем за утврдување, контрола и наплата на придонесите, кој од 2009 година се врши од страна на УЈП без да биде обезбедено целосно ажурно и точно интегрирање и навремена размена на податоци од институциите.
Поради наведеното Фондот нема целосни и прецизни податоци за побарувањата по основ на неплатен придонес од ПИО ниту има надлежност за наплата на истиот, што влијае на комплетноста на приходите и на остварувањето на правата од ПИО на осигурениците за кои не е платен придонесот.
Тимот на Јуридика