„Вработените во агросекторот се ставени во ризик од губење на работа поради замрзнувањето на цените“
Бобан Илијевски
Замрзнувањето на цените може да предизвика отпуштање на работници во агробизнис секторт, рече во изјава за Порталот Работник потпретседателот на агробизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Георгиевски.
Според него, ако цените на влезните суровоини се повисоки од замрзнатата цена, единствена опција е да се затвори фабриката, а со тоа да престанат вработените да идат на работа, подвлекувајќи дека не може да се произведуваат загуби, затоа што не може да се исплати плата на работниците.
Постои можност компании од секторот да влезат во стечај доколку загубата биде преголема, а со тоа и самите вработени да останат без работа.
Георгиевски не знае колку луѓе работат во овој сектор, но вели дека во прашање се илјадници. Не е позната точната бројка на колку работниците им се загрозени работните места.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во секторот земјоделство, шумарство и рибарство заклучно со третиот квартал од 2021 година има 91.260 вработени, со што е трет сектор по бројот на вработени во Македонија. Тука треба да се потенцира дека ова е вкупниот број на вработени во наведниот сектор.
Имено, Владата со одлука ги замрзна цените на основните пренхрабени производи на цените кои се применувале од 1 декември 2021 година. Оваа одлука стапи на сила на 6 декември и ќе важи до 31 јануари 2022 година, односно 60 дена.
Во прилог листа на производи чии цени се замрзнати:
- леб;
- шеќер;
- брашно – тип 400;
- сончогледово масло за јадење;
- трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
- свежо месо и сувомеснати производи;
- сирење и урда

