МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) Судот одлучи: АД ЕСМ треба да му исплати над 1 милион денари на синдикатот

   Време за читање 1 минута
Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на својата фејсбук страна објави дека добил уште една пресуда во негова корист. 
 
Од синдикатот истакнаа дека пресудата е уште еден доказ за незаконското работење од страна на раководните структури на АД ЕСМ (ЕЛЕМ). 
 
„Уште една пресуда во корист на ССЕРИ- ХЕС МАВРОВО, но исто така и уште еден доказ, за незаконското работење на раководните структури во АД ЕСМ (ЕЛЕМ)
Работите ќе си дојдат на свое место, за беззаконието ќе има одговорност!“, стои во објавата на ССЕРИ. 
 
Имено, во пресудата на Граѓанскиот суд – Скопје се наведува дека тужениот (АД ЕСМ) треба да му исплати на синдикатот, над еден милион и двеста и четриесет и пет илјади денари на име долг по основ непренесени задршки од нето платите на вработените во АД ЕСМ.