НовостиПравда

Царовска за Сител: За една година низ дебата успеавме да донесеме нова Концепција, да подготвиме нови учебници за прво и четврто и да ги опремиме училиштата со дидактика

   Време за читање 1 минута

Правиме реформа на образовниот систем се со цел да имаме подобар образовен систем во интерес на сите нас коишто сакаме да останеме да живееме во оваа држава. Без промена на образовниот концепт и начинот на учење, ние не можеме да очекуваме за 15 години од денеска брз економски раст и развој, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, вечерва во гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Министерката рече дека е горда што за релативно краток период од една година, МОН успеа да ги подготви реформите кои започнаа да се имплементираат од денеска во прво и четврто одделение и се да тече според планот.

„За една година направивме дебата, донесовме Концепција, ги донесовме наставните програми, направиме учебници за прво и четврто кои се за првпат по национален стандард, правени од домашни автори, домашни илустратори, со одличен квалитет, ценети од меѓународни организации и во поддршка со нив. Ги направивме и дигиталните учебници и родителите и наставниците имаат можност да ги симнат апликациите и на своите уреди и на уредите на децата и таму има аудио и видео материјали. Направивме учебници со Брајово писмо, за деца со оштетен вид и сето тоа за многу кратко време“, рече Царовска.

Министерката истакна дека дополнително училиштата се веќе опремени со потребната дидактика, нагледни средства предвидени со новите наставни програми.

“Обезбедивме 10.000 таблети за ученици од ранливи категории од кои 3.300 се веќе доставени до училиштата. Исто така, набавени се интерактивни табли кои се веќе во функција, а во тек е опремување и на кабинети по природни науки“, рече Царовска.