Царовска: Наша цел е опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50%
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Саша Богдановиќ денеска беа во увид на градежните работи на градинката „Пепелашка“ во Центар. Градинката коаја што е сместена во постар објект целосно се реновира и реконструира во модерен објект по најсовремени стандарди со средства на Општина Центар обезбедени преку Светска банка.
„Како Влада посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50%, за што забрано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари. Обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки“, изјави Царовска.
Министерката Царовска истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи и на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега.
Извор: МТСП
- Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат - 29/03/2024
- ВМРО – ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот - 29/03/2024
- Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места - 29/03/2024