Цените на храната уриваат рекорди на годишно ниво
Деветти месец по ред во декември, цените на храната се намалуваат, но ако се погледне големата слика, тие се на рекордно највисоко ниво за цела година во 2022 година. Податоците на ОН обајвени вчера покажуваат каква е реалната состојбата со цените на храната.
Цените на храната се искачија на месечен рекорд во март, откако Русија ја нападна Украина, главен снабдувач на пченица и масло за јадење во светот.
Руската поморска блокада што го спречи извозот на украинско жито беше укината по договорот во јули со посредство на Турција и Обединетите нации. Зголемени се и цените на оризот. Сето тоа доведува до сериозна загрижувачка ситуација на светскиот пазар.

