ПравдаСветот на работникот

Што ако процесот на работа е загрозен?

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Примена на Член 25
Процесот на работа е загрозен – што тогаш?
Во случај на зголемување на опасноста при работа, како што се случи со појавата на вирусот Ковид 19 и неговото забрзано ширење, работодавачот е тој кој во најкраток можен рок мора да ги информира вработените за безбедно извршување на работата преку писмени известувања и упатства.
Во исклучителни случаи, кога вработените се изложени на непосредна опасност по нивното здравје или живот, такви известувања и упатства треба да се пренесат и усно и во нив ќе се вклучат сите преземени мерки во однос на безбедноста при работа.
Во случај на непосредна, сериозна и неизбежна опасност, работодавачот мора да им даде на вработените соодветни упатства за запирање на работата, брзо напуштање на работното место и евакуација на безбеден простор.
Додека траат опасностите, работодавачот не смее да ги задолжува вработените да извршуваат работни обврски.
Кога еден или повеќе вработени го напуштиле работното место или опасната зона, заради непосредни или неизбежни опасности по нивната безбедност при работа, тие не смеат да бидат ставени на одговорност заради нивна реакција во вакви случаи.
Работодавачот треба да обезбеди сите работници при сериозна или непосредна опасност по нивната безбедност или безбедноста на други лица и во случаите кога не може да се контактира со стручното лице, да преземат соодветни мерки во рамките на своето знаење и техничките средства кои ги имаат на свое располагање, за да ги избегнат последиците од таквата опасност. Ваквото постапување не смее да ги доведе во ситуација да бидат ставени на одговорност, освен ако постапиле невнимателно и несовесно.
 

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Примена на Член 25

Процесот на работа е загрозен – што тогаш?

Во случај на…

Posted by Juridica on Wednesday, February 3, 2021