НовостиСветот на работникот

Што претставува волонтерството?

   Време за читање 1 минута
Волонтерството претставува активност која е од општествен интерес и која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на луѓето, како и за развој на хумано и рамноправно демократско општество. Волонтерството кај нас е утврдено со Законот за волонтерство.
Под волонтерство се подразбира доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и/или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации и други институции, без надоместок, додека пак волонтерите се физички лица даватели на тие услуги, вештини и знаења во корист на други лица, органи, организации и други институции, на доброволна основа, без притоа да остварат било каква финасиска или друга лична добивка.
Волонтерот може да биде домашно и странско физичко лице. Како волонтер може да се јави и малолетно лице доколку за тоа има писмена согласност од неговите родители или старатели. Договор за волонтирање со малолетно лице може да се склучи само со писмена и со согласност од неговите родители или старатели. За сето она кое не е уредено со Законот за волонтерство, а може да се се појави како дилема ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.
Тимот на Јуридика