Јовевски: Неколку илјади помалку деца во Македонија
Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски:
МАКЕДОНСКА МЕРА- MACEDONIKUM ADMODUM
Тема: Неколку илјади деца помалку во Македонија
Во 2022 година во Македонија се родени помалку околу 5000 и кусур деца. Што се случува? Дали родителите не сакаат деца, или пак помалку се насочени кон семејството, а повеќе кон кариерата? За овие реторички прашања можеме да дебатираме, но се чини нешто друго е основната причина зошто т.н. „бела чума“ добива епидемиски размери во нашата земја. Основната причина е затоа што луѓето си заминуваат од Македонија. Се помалку млади брачни парови решаваат својот заеднички семеен и професионален живот да го градат овде. Си заминуваат и луѓе кои се имотни, си заминуваат и млади и постари, речиси секој кој има можност и волја планира, или веќе заминал од земјава. Македонската мера за живеење во Македонија ја изгубивме. Не се охрабруваат родителите да имаат повеќе деца со мерки кои ќе им помогнат со поддршка на децата. Во трудот луѓето се психички вознемирувани и обесправени, во општестниот амбиент силно се чуствува „мирисот“ на корупцијата и невладеење на правото. Но, не треба многу тоа да се промени. Македонската мера за живеење во Македонија подразбира ред и мир, правда и законитост, емпатија и радост на животот. Ова се достижни цели за нашето општество. Но, дали знаеме како!?
проф. д-р Лазар Јовевски

