Занимливости

ЈП „Стипион“ – Штип со хуманитарна акција; Парите ќе бидат донирани на оние кои им се најпотребни

Фејсбук статус на ЈП „Стипион“ 2011:
 
Почитувани медиуми, почитувани граѓани,
 
Овде сме пред зградата на Општина Штип, на една од локациите од хуманитарната зона Х1, на еден позитивен настан под мотото: ,, Поплочи го патот до солидарноста – паркирај и донирај! “, а со цел да покажеме како многупати до сега дека Штип е град на солидарноста, град на хуманоста, да ја подигнеме свеста кај граѓаните за користење на овие паркинг позиции и воедно да ја актуелизираме потребата од солидарниот фонд.
Со паркирање во хуманитарната зона Х1, граѓаните ќе донираат дел од средствата во солидарниот фонд, а потоа тие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од ранливи категории и итни случаеви кои имаат ургентна потреба од финансиска помош.
На помош во оваа наша иницијатива повикавме уметници, наставници, активисти, здруженија, родители и дечиња со кои заеднички ќе ги обележиме, исцртаме, обоиме овие позиции со различни цртежи и мотиви и оваа прилика ја користам јавно да им се заблагодарам за нивното учество и несебичен придонес. Јавното претпријатие Стипион обезбеди бои, четки и други потребни материјали за работа, со кои заеднички, преку игра и забава ќе ги разубавиме овие солидарни паркинг позиции, ќе им дадеме посебен карактер, препознатливост и еден урбан лик.
Освен хуманиот аспект, идејата за воведување на овие позиции е овозможување на полесен пристап до паркинг на граѓаните кои имаат ургентни обврски во институциите во централното градско подрачје. Паркингот на овие позиции ќе чини 30 денари за првиот и за секој следен час, а месечните и годишните билети за паркирање нема да важат.
Хуманитарната зона Х1 ќе опфаќа вкупно 131 позиција, на неколку локации во градот, покрај општинската зграда, покрај плоштадот слобода, 3 позиции спроти стоковната куќа НАМА, како и на платформите за паркирање на река Отиња. Секоја локација од хуманитарната зона ќе биде соодветно означена со информативни табли а новина ќе биде можноста за наплата преку банкарска сметка со скенирање на QR code позициониран на таблата.
Ги повикуваме граѓаните да ,,паркираат и донираат” и сите заедно да дадеме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна.
Со почит,
В.Д директор на ” ЈП СТИПИОН 2011″-
Панче Стефановски