ПравдаСветот на работникот

Јуридика: Дали би можеле да се мотивирате само дололку ви ги подобрат работните услови или сепак ве мотивира само финансискиот аспект?

Дали нематеријалната мотивација е вистинска мотивација на работното место?
Денес е сабота. Кога би можеле да бирате дали би работеле во овој ден или би сакале да имате целосно слободен викенд- неработни сабота и недела?
Нематеријалната мотивација се обидуваат да ја имплементираат македонските фирми главно во последнава деценија, барем оние кои се ориентирани кон развој на вработените и нивна благосостојба. Нематеријалната мотивација подразбира обезбедување исклучително добри работни услови за работникот кои позитивно влијаат на неговите перформанси, односно го мотивираат да работи повеќе и поквалитетно без да биде дополнително платен.
Овој начин на мотивирање на работниците е несомнено добар, со оглед на тоа што води сметка да бидат работниците задоволни од нивното работно место. Меѓутоа, за во македонски услови ваквите стратегии на фирмите не го даваат секогаш посакуваниот резултат, со оглед на тоа што во земјава платите се ниски, а трошоците за живот се високи, така пто работникот на подолг рок едноставно неможе да остане мотивиран без дополнителна материјална стимулација.
Кој е вашиот став по однос на ова? Дали би можеле да се мотивирате само дололку ви ги подобрат работните услови или сепак ве мотивира само финансискиот аспект?
Тимот на Јуридика