ПравдаСветот на работникот

Ќе има ли средба на инспекторите со Заев за разрешувањето на Стојко Пауновски?

Пауновски е детално информиран за неговото непостапување, имаше и повеќе усни укажувања тврдат од Владата. Директорот на ДПИ пак тврди дека не добил никакво укажување од Владата за неговото однесување.

ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања.

Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици, стои на официјалниот твитер профил на портпаролот на Владата.

Ова следува откако вчера правните експерти посочија дека нема правен основ за разрешување на Пауновски. Посочуваат дека Етичкиот кодекс предвидува неколку мерки за казнување на владини функционери а разрешувањето е последна мерка.

Во меѓувреме пазарните инспектори ја подготвија петицијата со која се бара да не се разрешува директорот. Утре официјално ќе ја достават до Владата и ќе побараат итна средба со пермиерот.

Од кабинетот на Заев за евентуалната средба ќе одлучат откако до нив ќе стигне барањето на инспекторите.

Синоќа Владата објасни дека директорот на пазарна Стојко Пауновски исто како и директорите на 237 институции имал детален увид во планот за распределба на службениците по рамковен. Тој исто така бил писмено известен дека не го испочитувал законскиот рок за прилагодување на систематизацијата во инспекторатот.

Извор: Сител