ЕкономијаСветот на работникот

Ќе се увезуваат работници од Непал, Бангладеш и Пакистан во Македонија

Најмалку 3 македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Ангел Димитров од Организацијата на работодвачи во интервју, вели дека тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите градат и интернати за претстој на работниците, кои во главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.

Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење-изјави, Организацијата на работодавачи.

Конкретно, има понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

Извор: sitel.com.mk

Фото: Freepik