МакедонијаПравдаСветот на работникот

Само во септември 200 текстилни работнички останале без работа

Работниците и стопанствениците треба да најдат заеднички јазик. Само преку дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни ќе се изнајдат решенија со кои ќе се излезе од оваа економска и социјална криза. Работничките права во време на корона во фокусот на четвртата по ред Текстилијада.

“Од март досега гледавме да бидеме корисни на работничките во однос на бесплатна правна помош и активно дававме препораки, упатувавме апели, повикувавме на инспекциски контроли. Состојбата не е сјајна. Отказите се евидентни, но ако немаше дијалог, верувајте штетите сега ќе беа поголеми”-изјави Кристина Ампева од Здружението Гласен текстилец од Штип.

Се помалку има работа. Ако ваквата состојба заврши во 2021 година треба да бидеме задоволни, сметаат стопанствениците кои посочуваат дека на текстилството допрва му претстојат тешки денови..

“Најголем проблем е кога ќе заврши оваа пандемија, кај нас ќе се јави нов Ковид поради тоа што во изминатите триесет години не сме размислувале за нашата гранка. Не сме размислувале како држава, како стопанственици ниту како локална самоуправа”-изјави Венцо Филипов-конфекционер.

Засег а нема точна статистика колку работници добија откази, ниту пак колкав е бројот на конфекции кои поради пандемијата ставија клуч на својте производствени капацитети. Неофицијално само во септември без работа останале околу 200текстилни работнички.

Повеќе на ТВ Алфа