МакедонијаПравдаСветот на работникот

10 -ина здравствени работници заболени од Ковид – 19 во Прилеп

Здравствени работници - Работник
97views

Драган Богоески, директор на градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. денеска изјави дека одделенијата во прилепската градска болница ќе функционираат, но со редуцирани зафати откако во моментов се регистрирани 10 заболени од коронавирусот, медицински сестри и болничари.

-Имаме зголемување на бројот на заболени здравствени работници, позитивни на корона-вирусот. Бројот е 10 заболени здравствени работници. На хируршкото оддение заболени се три медицински сестри, една медицинска сестра во невропсихијатриското одделение, на интерно одделение се четири медицински работници и има уште двајца од персоналот што достигна бројка од 10-ина заболени, изјави Богоески.

Инаку, две текстилни фирми се затворени на 20-ина дена поради вработени, позитивни на корона вирусот. Досега 30-ина ученици од две училишта се во изолација поради заболени наставници, а поради воспитувачки позитивни на коронаВо меѓувреме, вирусот 35 деца од две градинки се во изолација.