НовостиСветот на работникот

10 најдобри професии за работа од дома: На овие работни места работниците се најсреќни

   Време за читање 2 минути

Не е новост дека работата од дома во текот и по пандемијата е популарна за многу работници, иако не беше најсреќно решение за секоја професија.

Glassdoor неодамна анкетирал работници за да утврди колку работата на далечина им е важна како предност и како вработените  со различен работен стаж и различни занимања гледаат на своите искуства со работата до дома.

Генерално, истражувањето покажало дека можноста за работа од дома е меѓу трите најголлеми предности за повеќе од две третини (68 %) од испитаниците. Работата од далечина по популарноста заостанувала само за неколку процентни поени зад годишниот одмор и платеното слободно време, што 71 % од испитаниците го сметале за важно, и здравственото осигурување, кое за 69 % од испитаниците било меѓу првите три фактори на задоволство.

Работата од дома или скратено WFH (Work From Home), особено е хит кај неколку специфични професии, вели анектата на Glassdoor.

Во продолжение 10 најдобри професии, рангирани според тоа колку вработените биле задоволни со работата од дома:

  • Социјален работник
  • Корисничка поддршка
  • Поддршка за производи
  • Директор на подружница
  • Претставник за продажба
  • Теничка продажба и поддршка
  • Осигурување на квалитет
  • Менаџмент консалтинг
  • Account Executive (маркетиншки агенции)
  • Underwriter во секторот осигурување

Можеби не изненадува тоа што почетниците се најмалку задоволни од позициите на далечина, што е резултат кој доаѓа можеби затоа што тие работници се борат да се поврзат со другите колеги или да добијат онолку комуникација од супрервизорот колку и нивните колеги во канцелариите. Спротивно на тоа, оние кои биле на извршни функции биле најзадоволни што работеле вон канцелариите.

Резултатите сугерираат дека, со оглед на нејзината популарност, работата од дома најверојатно ќе остане и дека компаниите кои ќе сакаат да ги задржат најдобрите работници, ќе мораат да им понудат таква опција на работен ангажман, особено на повисоките позиции.

Telegraf Biznis