10 „суптилни“ знаци на мобинг кои ќе ви помогнат да препознаете дали сте жртва (АНКЕТА)
Во рамките на текстот има вметнато анкетно прашање поврзано со тоа дали се соочувате со мобинг на работното место, ве замолуваме да одвоите една минута и да го пополните. Подолу ги имате 10 знаци на мобинг. Наша препорака е да ги разгледате за да можете да препознаете дали сте потенцијална жртва на истиот.
Минатиот месец, Сиднејската опера, политичката партија NSW Labor, Сиднејскиот симфониски оркестар и NSW парламентот, биле потресени од скандали поврзани со мобинг на работното место.
Еден извештај, спроведен во рамките на австралиската музичка индустрија, открива дека дури 76 % од испитаниците од таа бранша, во некој период од својата кариера – биле жртви на мобинг.
Анкета
Уште една значајна истрага која ја спровела поранешната комесарка за родова дискриминација, Елизабет Бродерик, покажува дека работната култура во парламентот во Нов Јужен Велс, сојузна држава сместена на југоистокот од Австралија, станала „токсична и погрешна“.
Во март месец, австралискиот премиер Ентони Албанезе ги отфрлил повиците за истрага на мобингот, поврзани за смртта на сенаторката Кимберли Кичинг, која колегите од редовите на лабуристите ја отфрлиле пред да почине од срцев удар.
Но, што точно претставува мобингот? И како може да се избегне истиот на работното место? Според авторот на новата студија, поголемиот дел од работниците не се свесни дека одредени организациони системи, а не поединечни насилници, претставуваат најголем ризик да бидат жртви на мобинг.
Покрај некои „очигледни“ знаци на мобинг, малтретретирањето може да се однесува и на прекувремените часови, распоредување на платата… Иако компаниите се развиваат секојдневно, се чини дека не се променило многу во поглед на односите со луѓето.
„Насилството на работното место е неразумна појава која е дел од шемата на однесување на работнтоо место и доведува до потенцијален ризик по здравјето и безбедноста на оние кои се предмет на таа појава“, вака експертите го дефинираат поимот мобинг.
10 „суптилни“ знаци на мобинг
- Измама и упорно лажење поради постигнување на одредени цели
- Создавање на лажни планови кои шефот нема намера да ги исполни
- Заплашување: отворени или прикриени закани; комуникација и однесување кои предизвикуваат страв
- Игнорирање, избегнување или не обрнување на внимание (на пр. не вклучување во состаноците)
- Селективно поздравување на колегите или интеракција со сите други, освен со „жртвата“
- Намерно исклучување на некој од групата
- Нееднаква поделба на работата и раскарување на колегите (за да се свртат еден против друг)
- Избегнување на одговорност
- Промена на расположение
- Критикување и префрлање на вината.
Извор: Telegraf Biznis.rs
Фото: Shutterstock

