10 совети за младите претприемачи од страна на милијардерот Марк Кубан
За успех во претприемништвото потребно е да се има визија, да се следат соништата, но и да се има и малку знаење и среќа.
Марк Кубан, американскиот милијардер „тежок“ околу 2,8 милијарди долари, можеби најпознат по тоа што е сопственик на НБА тимот Далас Маверикс, кој целото богатство го создал сам, во својата книга „If I Can Do It, You Can Do It“ го опишал својот пат до успехот.
„Секој којшто започнал сопствен бизнис има сопствен сет на правила и насоки“, смета Кубан. Бизлајф ги пренесува десетте совети кои им ги упатил на младите претприемачи.
За отворање на компанија потребна е љубов
Не отворајте сопствена компанија доколку тоа не е ваша опсесија или огромна љубов.
Излезна стратегија
Доколку однапред имате разработена излезна стратегија, таа работа не е ваша опсесија.
Вработите ги работниците кои ја сакаат работата
Вработите ги луѓето за кои сметате дека ќе сакаат да работат во тоа работно опкружување.
Продажбата лечи се
Детално разработете на кој начин вашата компанија ќе заработува пари и на кој начин ќе го оствари зададениот план за продажба.
Бидете свесни за своите предности
Бидете свесни за вашите главни предности и компетенции, на нив фокусирајте се и бидете најдобри во вашата работа. Платете ги луѓето кои ги имаат најдобрите компетенции. Покрај главната дејност, вработите луѓе кои ќе се вклопат во вашата корпоративна култура, а не се премногу „скапи“.
Апарат за еспресо?
Дали вие се шегувате? Ручекот е прилика да излезете од канцеларијата и да разговарате. Денот има 24 часа, а ако луѓето го сакаат она што го работат, ќе пронајдат начин како да поминат повеќе време извршувајќи ја својата работа, рекол милијардерот.
Канцелариите се непотребни
Отворените простории им овозможуваат на сите да бидат во тек со моменталното работно темпо и пружаат чувство на заедништво. Ако вработениот има потреба за приватност, упатете го во тоалет, каде што може да се заклучи и да биде сам со себе. Нема ништо приватно во стартап компанија. Мојот најголем страв беше можноста дека случајно ќе вработам некој кој сака да изгради бизнис царство.
Бегајте што е можно подалеку од лица кои сакаат да летаат во прва класа или да имаат лична секретарка. Тие не ви се потребни, ќе ви ја „загадат“ целата компанија.
Компанијата треба да биде на едно ниво
Доколку имате менаџери кои одговараат на други менаџери над нив, веројатно ќе пропаднете. Еднаш кога ќе се проширите вон границата на стартапот, можете да вработувате менаџери кои ќе бидат одговорни за креирање на работа.
Не трошете пари на непотребни работи
Сигурен знак за пропаст на стартап компанија е кога ќе почнете наоколу да делите поло маици со своето лого. Доколку се презентирате на некој саем или приредба, нормално е на своите вработени да им дадете препознатлива облека, но доколку сметате дека истата ќе ја носат и после работното време, очигледно се лажете и немате попаметна идеја како да ги потрошите парите.
Нека работата биде забавна на вашите работници
Контролирајте го нивото на стрес во канцеларијата и наградете го секое постигнување на вашиот персонал. Во мојата прва компанија МикрСолушнс, откако имавме рекордна продажба во месецот или пак доколку некој направеше нешто посебно, одев по канцеларијата со банкноти од по 100 долари и ги делев на продажниот тим. Имавме и „службен“ пијалак во компанијата – Камикази. Секоја вечер ги водевме вработените во бар и на сите им плаќавме по една или десет рунди – рекол пред неколку години познатиот милијардер.

