ПравдаСветот на работникот

Матичните лекари денеска на протест

Денеска, на Светскиот ден на здравјето, матичните лекари ќе одржат мирен протест на кој ќе побараат да се исполнат нивните барања.

Ова ќе биде нивен трет протест, откако после двата кои ги одржаа, ниедно од нивните барања не беше исполнето.

Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија, Лилија Чолакова Дервишова вели дека, овој министер и неговиот заменик им се последна надеж, затоа што се од примарното и терцијарното здравство и ги разбираат нивните проблеми, но им порачува да настапат поцврсто кон Фондот и владата, приоритет да му се даде на примарното здравство.